Желни да најдат забавен автомобил за нов проект, момците од гаражата успеале да набават беспрекорен С2 и почнале да го трансформираат во нешто навистина посебно. Првата задача била да направат да се издвојува. Тие одлучиле да му дадат на германскиот модел со две врати каросериски кит од Прајор дизајн, но поради ограничената природа на овој кит, наоѓањето се покажало како тешко. Затоа, тие решиле да импровизираат и нашле локален мајстор кој рачно го реплицирал китот.
Момците тогаш сфатиле дека на С2 треба да му се даде мотор за подобро да го надополни агресивниот нов изглед. Прво им текнало на петцилиндерскиот мотор од новиот ауди РС3, но потоа се решиле за V10 моторот од ауди Р8 со цел да направат нешто единствено. Сепак, потрагата по V10 моторот не била лесна, па затоа морале да купат комплетен ауди Р8 V10 спајдер и да го извадат 5,2-литарскиот мотор.
Секако, вградување на модерен V10 мотор во автомобил стар 30 години никогаш не е лесно, па затоа имало многу работа на електриката за да проработи моторот. Исто така, има и уникатен систем за издувни гасови за моторот од Р8 да има фантастичен звук. Сериозните механички модификации се комплетирани со уникатен систем за воздушна амортизација.
Исто така, рачно е изработен и уникатен ентериер. Сега е обложен со прекрасна црвена кожа со бели акценти. Исто така, има и бесен аудио систем зад предните седишта, за секој случај ако возачот не е задоволен само од звукот на V10 моторот.






