вторник, 9 декември 2025

Авантура со ленд ровер дифендер, дестинација Козјак (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Авантуристичко дружење, природа што го одзема здивот, неоткриени патеки, автентични вкусови — се само неколку зборови кои го опишуваат овогодинешното несекојдневно искуство кое ленд ровер дифендер го приреди за гордите сопственици на автомобил од оваа британска марка, пријатели на Аутомобили групата.

Објавено на

часот

Сподели

Дифендер е марка со цел, поддршка за хероите кои секојдневно го прифаќаат невозможното и се борат за зачувување и заштита на природата. Оттука дестинацијата Козјак на работ на природниот резерват Јасен беше логичен избор за авантура со дифендер, порачува компанијата.

Моќната колона автомобили дифендер, вистинска атракција низ градскиот сообраќаен метеж, смирено се упати кон првото зададено одредиште, каде ги пречекаa фасцинантен поглед кон езерото Козјак и топло добредојде од домаќините Кристина и Александар Христови во магичната атмосфера на Гризли иглос. Проектот на овие смели почитувачи на природата, сместен во срцето на Козјак, се состои од уникатни иновативни куполи, дизајнирани и изведени од македонски умови, кои овозможуваат доживување на спиење под отворено небо, капење на отворено, во комфор на современ дом и директен контакт со природните елементи — сето тоа без да се наруши природната рамнотежа на околината.

Овде, колоната автомобили дифендер со ретка комбинација од екстремна цврстина и луксуз, заштитнички поставена кон погледот на езерото Козјак и недопрената природа на резерватот Јасен, како по дефиниција беше на свој терен.

Амбиентот природно навести дека следува вистинска офроуд авантура по неоткриени патеки на падините на Козјак. Овој дел беше дизајниран за уште подлабоко разбирање на можностите на дифендер – стабилност, прецизна контрола и агилност на секој терен. Возењето понуди директна врска меѓу возачите, возилата и природата, демонстрирајќи го она по што овој луксузен теренец е препознатлив: иновација, издржливост и авантура.

По возбудливото возење, гостите пристигнаа во Планинскиот центар Гризли, продолжение на приказната за еколошка преродба, одржлив туризам и заедничка визија за подобро утре. Модерно уредено планинско прибежиште кое зрачи со топлина. Идеално место каде учесниците можеа да ги разменат впечатоците од возењето и совладаните предизвици по патот, уживајќи во поглед што го одзема здивот.

По целодневните активности, вљубениците во дифендер, се препуштија на вистинско гастрономско патување, создадено од шеф Александра Атанасовска – нашата Алекс Пучи. Мајсторка на фината кујна со богато искуство во ресторани со Мишелин ѕвезди, создаде амбиент на врвен ресторан во планинска куќа. Со автентични вкусови од исклучиво локални и сезонски состојки, внимателно одбрани зачини и свежи билки од нејзината градина, виртуозно креираше кулинарско искуство дизајнирано да ги рефлектира вредностите на дифендер: модерен луксуз, мајсторство, истражување, авантура и радост во живеењето. Талентираниот саксофонист и музички автор Горан Папас ја надополнуваше Александра во нејзината уметничка приказна, исполнувајќи ја атмосферата со возвишена емоција со еден од најемотивните инструменти.

Дифендер ги поттикнува своите почитувачи да се препуштат на нови искуства и да изберат своја патека, а целодневното дружење на Козјак во суштина ја оствари целта — уникатни моменти што го надминуваат вообичаеното возачко искуство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ