понеделник, 8 декември 2025

Ауди старо 32 години е најбрзиот седан во светот (ВИДЕО)

И покрај фактот дека просечната моќност на автомобилските мотори драстично порасна во последните години, најбрзиот седан во светот е произведен во 1993 година.

Објавено на

часот

Сподели

Треба да бидеме фер и да кажеме дека овој автомобил е сепак многу далеку од сериската верзија. А серискиот се вика С4, што во тие години беше ознака за спортските перформанси на моделот 100 (Ц4). Да, тоа е тој прекрасен модел на Ауди кој беше и остана синоним за класичен бизнис седан, а потоа неколку месеци подоцна беше преименуван во A6.

Во оригиналот овој автомобил го придвижуваше 2,2-литарски петцилиндричен турбо бензински мотор кој стандардно произведуваше 230 коњски сили. Секако, кватро погонот се подразбира, а постигнуваше максимална брзина од 240 километри на час.

Овој специфичен примерок е опремен со турбина Борг Варнер С400SХ, што резултира со драстично подобрување на излезните карактеристики на моторот. Максималната моќност скокнала на 1171 КС, а вртежниот момент на 957 њутнметри.

Сопственик на автомобилот е Џеф Гернер, локален специјалист за реставрација на модели на Ауди од Мисури. Во 2012 година, тој учествувал на Неделата на брзината во Боневил со овој автомобил. Автомобилот достигнал максимална брзина од 420 км/ч со просечна брзина на делницата од 383 км/ч.

Освен модификациите на моторот, автомобилот има и бројни други модификации. Од безбедносна страна, инсталирани се заштитен кафез и композитно противпожарно стакло. Автомобилот има и систем за противпожарна заштита и вграден заден падобран за подобро запирање при екстремни брзини.

Автомобилот е понуден на аукција, а во времето на пишување на текстот, највисоката понуда е околу 25.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ