среда, 16 април 2025

Ауди го прекина извозот на автомобили на американскиот пазар

Германски Ауди привремено го прекина извозот на автомобили на американскиот пазар, реагирајќи на царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

Објавено на

часот

Сподели

Ауди ја прекина испораката на возила на своите салони во Соединетите Американски Држави поради неизвесноста во врска со увозните царини кои ги воведе американската влада.

Германската марка не произведува автомобили во САД, туку своите модели ги увезува од Европа и Мексико.

Компанијата ја сопрела испорака на новите автомобили кои пристигнале во САД по 3 април, кога беше воведена новата царина од 25 отсто на сите автомобили увезени во земјата.

Возилата на Ауди во моментов се складираат и не им се испраќаат на дилерите додека компанијата да формулира нов деловен план за САД.

Актуелните залихи на Ауди кај дилерите во САД се проценуваат на околу 60 дена, што значи дека купувачите до тогаш можат да купат нови автомобили кои не се подложени на новите царини.

Фолксваген и Јагуар Ленд ровер му се придружија на Ауди во прекинувањето на испораката на нови возила поради царините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ