сабота, 14 март 2026

Ауди А6Л изгледа како А8 за половина цена (ФОТО+ВИДЕО)

Ауди ја претстави новата генерација на моделот А6Л, седан развиен специјално за кинескиот пазар. Иако ја носи ознаката A6, овој модел е опасно блиску до поголемиот ауди A8 во однос на димензиите и луксузот. Интересно е што, и покрај поголемите димензии и понапредната технологија, доаѓа со значително пониска почетна цена од својот претходник.

Објавено на

часот

Сподели

Новиот А6Л значително порасна во споредба со претходната генерација. Вкупната должина сега е дури 5.142 милиметри, што е за 143 мм повеќе од претходно. Поголемиот дел од тоа зголемување е искористен за уште поголема кабина, особено кај задните седишта, кои се клучни за купувачите на кинескиот пазар. Меѓуоскиното растојание сега е 3.066 мм, што е за дури 68 мм повеќе од стандардниот A8.

Во однос на дизајнот, А6Л го следи поагресивниот стил на новиот глобален A6. Предниот дел доби решетка на ладилникот со нов дезен, додека тенок ЛЕД светлосен елемент го врамува осветленото лого на Ауди. Металните декоративни елементи се протегаат кон фаровите и создаваат пософистициран изглед.

Долниот дел од браникот и страничните прагови добија алуминиумски декоративни елементи кои продолжуваат сè до задниот дифузер. Во пакетот опрема С-лајн, седанот доаѓа со потемни детали на каросеријата и специјални бандажи со дијаметар од 21 инч.

Внатрешноста е силно фокусирана на удобноста на патниците на задните седишта. Ауди разви специјални седишта прилагодени на долги патувања, што е важна карактеристика за кинескиот пазар.

Големиот панорамски покрив со површина од 1,96 квадратни метри остава посебен впечаток. Во него се вградени дури 112 РГБ ЛЕД диоди, кои создаваат адаптивно амбиентално осветлување. Системот Бенг & Олуфсен со 16 звучници е задолжен за звукот.

Дигиталната технологија доминира во кокпитот. Возачот има 11,9-инчен дигитален екран пред себе, додека централниот инфозабавен екран има дијагонала од 14,5 инчи. Исто така, има дополнителен екран за совозачот, како и голем хедап дисплеј кој директно ги проектира клучните информации во видното поле на возачот.

Новиот А6Л е базиран на платформата ППЦ и доаѓа со неколку електрифицирани погонски опции.

Основата на понудата е 2,0-литарски турбо бензински четирицилиндричен мотор со благ хибриден систем кој развива 204 коњски сили и ги придвижува предните тркала преку седумстепен менувач со двојна спојка.

Помоќна верзија на истиот мотор развива 272 КС и може да се искомбинира со електричен мотор од 24 коњски сили и кватро погон.

На врвот од понудата е 3,0-литарскиот турбо-бензински V6 кој развива 367 КС. Таа верзија стандардно доаѓа со електричен мотор и кватро погон. Управувањето на сите тркала, кое го намалува кругот на вртење, и воздушната суспензија која може да ја прилагоди висината на возилото за 30 милиметри се достапни како опции.

И покрај поголемите димензии и богатата технологија, новиот А6Л доаѓа со пониска почетна цена од својот претходник. Основниот модел во Кина чини 323.000 јуани, или околу 40.700 евра, додека верзијата со V6 мотор достигнува 436.000 јуани или приближно 55.000 евра.

Тоа е повеќе од 123.000 јуани, или 15.500 евра помалку од претходната генерација, а во исто време значително пониско од моделот ауди А8Л, дознава Карењуз Кина.

Пониската цена е резултат на сè посилната конкуренција од кинеските производители, која во последните години врши голем притисок врз западните премиум брендови.

Новиот А6Л ќе се произведува локално во Кина во соработка со ФАВ-Ауди. Иако кинескиот пазар нема да добие карван верзија авант, понудата наскоро треба да се прошири со новиот продолжен караван ауди A7Л авант, развиен специјално за тој пазар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ