четврток, 3 април 2025

Астон мартин го има најбрзиот и најмоќен кабриолет со мотор напред (ФОТО+ВИДЕО)

Запознајте се со новиот астон мартин ванквиш воланте, автомобилот на кој убавината и отворениот поглед во небото не му се единствените квалитети.

Објавено на

часот

Сподели

Естетски ванквиш како и својот претходник не разочарува. Астон мартин едноставно знаат да направат убав автомобил, а кога крај името стои додатокот воланте, јасно е дека тоа е нешто посебно. Токму тоа го нуди овој болид. Болид не затоа што е само убав, туку затоа што овој ванквиш е уште поимпресивен под хаубата.

Ванквиш воланте го има истиот 5,2-литарски V12 мотор со два турбополначи како и неговиот „брат“ со тврд покрив. Моторот дава 835 коњски сили и 1.000 њутнметри вртежен момент, додека силата се префрла на задните тркала преку осумбрзински ЗФ автоматски менувач со интегриран електронски диференцијал.

Шасијата е притоа дополнително зајакната, а дополнителните 95 килограми доаѓаат како данок за подвижниот покрив кој се склопува за само 14 секунди. Овој астон конечно во нешто го победува и можниот Ферари: со 344 км/ч максимална брзина го надминува ривалот ферари 12чилиндри спајдер, чија максимална брзина е 340 км/ч. Сепак, во спринт до 100 км/ч губи, со 3,4 секунди наспроти 2,95 на Ферари.

Внатрешноста е пренесена од стандардниот венквиш, но има дополнителни команди за управување со покривот и АДАС системите. Има двојни 10,25-инчни екрани, луксузен аудио систем со 15 звучници со потпис на Бауерс и Вилкинс, а по желба може да се добијат спортски карбонски седишта. За оние кои сакаат повеќе, има додатоци како титаниумски издувен систем, но и рачно направен сет куфери, се разбира од кожа.

Венквиш воланте веќе може да се нарача, а првите испораки се планирани за третиот квартал на 2025. Цената не е позната, но се очекува повисока од онаа на „обичниот“ венквиш. Значи, ќе почнува над 400.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ