Случајот бил пријавен во полиција во 5.30 часот, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
„Патничко возило марка форд со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата Партизанска во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема“, изјави Димоски.
По извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга.