сабота, 27 јули 2024

Автомобил се забил во оградата на Белата куќа, возачот загинал

Возач загинал откако со возило удрил во оградата на Белата куќа, пишува Асошиејтед прес. Инцидентот во моментов се истражува „само како сообраќајна несреќа“ и не претставувал закана за резиденцијата на американскиот претседател, соопштила полицијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Возачот, кој не бил веднаш идентификуван, бил пронајден мртов во возилото по несреќата околу 22:30 часот по локално време на надворешната врата на периметарот на Белата куќа, се наведува во соопштение на американската тајна служба.

Полицијата објави дека возилото удрило во безбедносна бариера на крстосница н 15 улица и авенијата Пенсилванија. Обезбедувањето на лице место го извлекло возачот од возилото и се обиделе да му пружат помош, но не успеале да го спасат.

Тајната служба истакна дека биле спроведени сите безбедносни протоколи, но дека настанот не претставувал закана за Белата куќа. Инцидентот заедно ќе го истражуваат тајната служба и локалната полиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ