сабота, 19 октомври 2024

Автомобил падна во амбис и пожар во регионот над Бродец, кон Танушевци

Објавено на

часот

Сподели

На единствениот број 112 во ЦУК  во 17.10 часот стигнала пријава за сообраќајна несреќа на патот за Бродец, Скопска Црна Гора, во Општината Чучер Сандево, потврдија за МКД.мк од ЦУК.

„Возило марка голф излета од патот и падна во амбис при што, според информацијата што ЦУК ја доби од терен, има и повредени. Три лица се повредени и според нашите информации се транспопртирани во болница, според природата на повредите, најверојатно во ‘8-ми Септември’. Информацијата според која во возилото имало деца засега не е официјално потврдена.

Во тој регион, над Бродец, а кон селото Танушевци, има и пожар на отворен простор од помали размер. Гори деградирана шума и сува трева во месноста ‘Стојанова Река’, што не претставува сериозна опасност, согласно временските прилики и доаѓањето на ноќта“, се вели во изјавата од ЦУК за МКД.мк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ