среда, 23 октомври 2024

Автоматска порака и европскиот број 112 на невообичаен начин спасија тешко повреден возач на патот Велес-Штип

Објавено на

часот

Сподели

Во ЦУК, согласно процедурата, веднаш биле забележани координатите на локацијата од каде што е примен повикот по што дежурната екипа почнала итна проверка на вистинитоста на повикот.

Според првично собраните, автоматски информации во ЦУК, претпоставка било дека се работи за сообраќајна несреќа којашто се случила на територија на село Чалошево, на три километри по магистралниот пат во правец Велес – Штип.

Половина час подоцна од МВР во ЦУК стигнала официјална потврда дека повикот е вистинит и дека се случила сообраќајна несреќа на магистралниот пат Велес – Штип, со поконкретен теренски опис дека несреќата се случила близу „Уни Агро“ и дека во излетаниот автомобил има повредено и заглавено лице.

„По извлекувањето на повреденото лице екипа од Итна медицинска помош го однела во болница во Велес, а потоа, најверојатно заради сериозноста на повредите е пренесено во Хируршките клиники во Скопје. Ова е редок пример за спасување лице кое не е можност да се јави, а мобилниот телефон автоматски испраќа порака за можна случена сообраќајна несреќа на 112.  Со повикот се добиваат и координати за локација на возилото, односно повреденото лице како во случајот и најпорво се врши проверка на реалната ситуација, а потоа во согласност со ситуацијата и извлекување и спасување на повреденото лице“, информираа од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ