среда, 23 октомври 2024

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

ЈСП Скопје известува дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), денеска автобусите возат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои работат по саботен возен ред.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација кај Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.

„Жичницата функционира вообичаено, со работно време од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу“, известуваат од ЈСП Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ