„Одделот на конзуларната служба на амбасадата е запознаен со овој инцидент. Автобусот превезувал руски туристи кои дошле на патување преку туристичкиот оператор Анекс тур. Според прелиминарните податоци, 27 Руси се повредени“, се вели во соопштението.
🚨🇹🇭BUS CRASH IN PATTAYA, THAILAND, INJURES 27 RUSSIAN TOURISTS
A bus carrying Russian tourists crashed into a concrete fence in Pattaya, Thailand.
At least 27 passengers were injured and taken to the hospital.
The Russian embassy has yet to comment on the incident.
Source:… pic.twitter.com/O5rycVwJOT
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 2, 2025
Како што објасни дипломатот, засега нема информации за жртви. По несреќата на интернет почнаа да се појавуваат видеа од моментот на несреќата. Врз основа на објавените снимки се гледа дека автобусот со руски туристи изгубил контрола на влезот на патарината и удрил во бетонската преграда на наплатниот пункт.
(1/2) A tourist bus carrying 42 Russians collided with a Fortuner SUV on Motorway 7 near Pong Toll Plaza in #Chonburi province on Jan 2 evening, resulted in 36 injuries – 32 bus passengers, the 74-yr-old bus driver who was seriously injured, & 3 from SUV. #RoadAccident #thailand pic.twitter.com/CKTwYAADIL
— Khaosod English (@KhaosodEnglish) January 3, 2025
Локалниот весник Матичон пишува дека во автобусот имало 37 патници. Сите повредени се итно пренесени во болница во Патаја.