вторник, 23 април 2024

Автобус излетал од патот близу Маврово

Објавено на

часот

Сподели

Во селото Добарце во општината Желино силниот ветер го однел покривот на училиштето. На патниот правец Тетово-Јажинце сообраќајот беше во целосен прекин поради силните ветришта и наносите од снег.

Отежнато се одвива сообраќајот на сите патни правци во земјава. Поради врнежите од снег и лизгавите коловози постои забрана за движење на тешките товарни возила на патните правци: Гостивар-Кичево преку Стража, крак Маврово-Дебар, Струга- Ќафасан, Крива Паланка-Деве Баир, Тетово-Попова Шапка и на планинскиот превој Плетвар. За патничките возила на овие патни правци се препорачува употреба на зимска опрема.

Исто така, поради остатоците од снег на улиците, задолжителна е употреба на зимската опрема за сите видови возила на патните правци: Градско-Прилеп преку Плетвар, Мак. Брод-Прилеп и Кратово-Пробиштип.

Исклучително отежнат сообраќај има на планинските превои Пресека, Буково, Ѓавато и Кула на делницата Велес-Катланово, каде што, сепак, нема забрани за движење на возилата, но се препорачува употреба на зимската опрема за сите видови возила.

Од АМСМ апелираат за внимателно возење на лизгавите коловози и препорачуваат да не се патува во текот на вечерните часови.

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата трае до 15 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ