сабота, 27 јули 2024

Австриски „кобри“ бркаа татко и тројца синови од Македонија кои раниле тројца Бошњаци – причина, жена (ВИДЕО)

По полициска потера по две возила, во која се вклучиле и австриските „кобри“ во Виена, во Флоридсдорф, се уапсени четири лица по потекло од Македонија – татко и тројца негови синови, откако по голема тепачка со припадници на бошњачко семејство, бил разменет и оган во кој тројца Бошњаци се ранети. Жена била причината за огнениот судир, пишуваат австриски медиуми. 

Објавено на

часот

Сподели

Таткото е на возраст од 54 години, а неговите синови имаат 22, 25 и 28 години, додека ранетите Бошњаци се на возраст од 22, 26 и 27 години и тие се дел од исто семејство. Со Бошњаците бил и еден Иранец, кој пак е повреден. Двете семејства подолго време биле во лоши односи што не се криело ниту преку социјалните мрежи.

Портпаролот на полицијата Маркус Дитрих изјавил дека според првите резултати од истрагата, пукањето се случило по тепачка на улица поради долги расправии меѓу овие две семејства. Наводно, рече, било откриено дека мотивот за престрелката им бил расправија за жена.

Осомничените бегале со две возила претходно паркирани до една зграда во близина на инцидентот. Биле уапсени по само 90 минути од престрелката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ