сабота, 27 јули 2024

Австриската полиција се огласи за снимката на девојчето кое личи на исчезнатата Данка

Австриската полиција се огласи за снимката од девојче кое личи на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ. Помина повеќе од една недела од исчезнувањето на малата Данка на која ѝ се изгуби трагата во Бањско Поле, на истокот на централна Србија.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

„Не можеме со стоотстотна сигурност да кажеме дали на снимката е исчезнатото девојче“, кажа денес портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих за Клајне цајтунг.

Кажа дека австриската полиција сè уште се обидува да го потврди идентитетот на девојчето од снимката со помош на достапната технологија.

„Мажот кој ја направил снимката е испрашан и во моментов нема други сведоци. Приоритет на полицијата е да го најдат девојчето од снимката и двете женски лица во чие друштво било. Истрагата се одвива интензивно и нашите криминолози добро напредуваат. Што имаме нови информации, веднаш ќе ја известиме јавноста“, кажа портпаролот на виенската полиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ