„Не можеме со стоотстотна сигурност да кажеме дали на снимката е исчезнатото девојче“, кажа денес портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих за Клајне цајтунг.
Кажа дека австриската полиција сè уште се обидува да го потврди идентитетот на девојчето од снимката со помош на достапната технологија.
„Мажот кој ја направил снимката е испрашан и во моментов нема други сведоци. Приоритет на полицијата е да го најдат девојчето од снимката и двете женски лица во чие друштво било. Истрагата се одвива интензивно и нашите криминолози добро напредуваат. Што имаме нови информации, веднаш ќе ја известиме јавноста“, кажа портпаролот на виенската полиција.