Вчера, австралискиот суд му нареди на Икс (поранешен Твитер) да ги отстрани видеата од настанот. Икс претходно најави дека ќе ја отстрани споменатата содржина по законска одредба, пишува Би-би-си.
Сепак, Маск оттогаш објави мем во кој ја обвинува владата за цензура. Затоа, премиерот Антони Албанис денеска изјави за Еј-би-си њуз дека Маск е арогантен милијардер кој мисли дека е над законот и пристојноста.
Don’t take my word for it, just ask the Australian PM! pic.twitter.com/ZJBKrstStQ
— Elon Musk (@elonmusk) April 22, 2024
Минатата недела, независен интернет регулатор им се закани на Икс и другите компании за социјални медиуми со високи казни доколку не ги отстранат видеата од нападот со нож во црквата на Христос Добриот Пастир, што полицијата го прогласи за терористички чин.
Икс тврди дека оваа одредба не е во опсегот на австралиското право. Регулаторот потоа побара судска забрана за објавување на спорните снимки, а набрзо дојде до расправија на социјалните мрежи и во медиумите.
That is exactly the issue.
Should the eSafety Commissar (an unelected official) in Australia have authority over all countries on Earth? https://t.co/wzv4Uinx8y
— Elon Musk (@elonmusk) April 23, 2024
„Би сакал да го искористам овој момент за да му се заблагодарам на премиерот што ѝ посочи на јавноста дека оваа платформа е единствената што ја покажува вистината“, напиша Маск.
Тој претходно ја критикуваше австралиската комесарка за безбедност на Интернет, Џули Инман Грант, опишувајќи ја како „австралиски комесар за цензура“.
Албанис застана во одбрана на Инман Грант, велејќи дека таа ги штити граѓаните на Австралија. „Социјалните медиуми мора да бидат и општествено одговорни. Ова не е случај со Маск“, додаде тој.
Икс мора да ги отстрани спорните снимки во рок од 24 часа по одлуката на судот.