сабота, 27 јули 2024

Австралискиот премиер: Да запре кривичното гонење на Асанж

Австралискиот премиер Ентони Албаниз повика да прекине затворањето и гонењето на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, откако беше одобрена нова жалба против неговата екстрадиција во САД.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Високиот суд на Британија му дозволи на Асанж да поднесе жалба на неговата екстрадиција, спречувајќи ги напорите на Вашингтон да му суди на Австралиецот (52), обвинет за оддавање американски воени тајни.

По одлуката, австралискиот премиер ги повтори повиците за прекин на гонењето на Асанж, велејќи дека нема „ништо да се добие“ од неговото затворање.

„Работиме на тоа“, изјави австралискиот премиер за новинарите.

Британската влада ја одобри екстрадицијата на Асанж во јуни 2022 година.

Асанж е во затвор во Лондон од април 2019 година, откако помина седум години засолнет во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Австралискиот премиер претходно оваа година изјави дека гонењето на Асанж „не може да трае бесконечно“.

Американските власти сакаат да му судат на Асанж за оддавање американски воени тајни поврзани со војните во Ирак и Авганистан.

Тој е обвинет дека објавил 700.000 доверливи документи за американските воени и дипломатски активности, особено во Ирак и Авганистан, почнувајќи од 2010 година, а во САД се соочува со затворска казна до 175 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ