петок, 18 октомври 2024

Австралија воведе забрана на нацистичкиот поздрав

Во Австралија денеска стапи во сила закон за забрана на нацистичкиот поздрав и на прикажување или продажба на симболи поврзани со терористички групи.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Австралиската влада со овој закон реагираше на зголемувањето на антисемитските инциденти по избивањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас, пренесува Ројтерс.

Законот предвидува дека кривичното дело јавно изведување нацистички поздрави или прикажување нацистички симболи, како што се кукастиот крст или двојното С поврзано со паравоената група Шуцштафел, ќе се казнува со затвор до 12 месеци, а ќе бидат казнувани и продажбата и трговијата со овие забранети симболи.

Јавниот обвинител Марк Драјфус во соопштение рече дека австралиското законодавство испратило јасна порака дека во Австралија нема место за оние што го величат холокаустот или терористичките акти.

„Ова е прв закон од ваков вид и ќе гарантира дека никој во Австралија нема да смее да величи или да профитира од дела и симболи што ги слават нацистите и нивната зла идеологија“, рече Драјфус.

Новиот закон, исто така, забранува јавно прикажување или трговија со симболи поврзани со забранетите терористички организации како што се Исламска држава, Хамас или Курдистанската работничка партија (ПКК).

Законот беше предложен во јуни, а усвоен во декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ