Во игра беше и Австралија, но тие се откажаа од намерата и нема да поднесат официјална кандидатура за организација на Светското првенство.
Тоа значи дека Саудиска Арабија е единствениот каднидат за домаќин и доколку не се случи некое изненадување, таму ќе се игра Мундијалот во 2034 година.
Саудијците беа кандидати и за организација на 2030, но се повлекоа од таа трка со цел да се фокусираат на кандидатурата за 2034 која очигледно ќе ја добијат.