петок, 18 октомври 2024

Австралија опен: има ли јунак што ќе го победи Ѓоковиќ?

Објавено на

часот

Сподели

Најавува втор триумф по ред, а трет вкупно на Австралија опен: Новак Ѓоковиќ

На терените во Мелбурн ќе продефилираат речиси сите најдобри во белиот спорт на денешницата, кои ќе сторат сè за да дојдат до џекпотот – наградата од 2,3 милиони долари, која е наменета за победниците во машка и во женска конкуренција. Со ова австралиските организатори покажаа дека немаат проблем со финансиската криза, со оглед на тоа што на натпреварувачите им нудат осетно поголем награден фонд во однос на минатата година.

Ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Србинот: Новак Ѓоковиќ

Според познавачите на тениските состојби, најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ, има убедливо најголеми шанси да триумфира на АО, што би значело одбрана на ланската круна, а вкупно трет триумф во Мелбурн. Зад него, со речиси идентични шанси се Швајцарецот Роже Федерер и Британецот Енди Маареј, а потоа следува Шпанецот Рафаел Надал. Кругот на фаворити го затвора францускиот тениски ас, Жи-Вилфред Цонга.

Кај дамите, пак, најголеми шанси за конечен триумф им се даваат на Петра Квитова (Чешка) и на Американката Серена Вилијамс. Некаде зад нив се Виктори Азаренка (Белорусија) и Белгијката Ким Клајстерс додека можност да ги израдува домашните фанови има Саманта Стосур, која е ставена како петти фаворит.

И даваат најголеми шанси за триумф во Мелбурн: Петра Квитова

Организаторот на турнирот очекува голем број навивачи, а сериозно се подготвува за спречување можни инциденти пред сè помеѓу Србите и Хрватите. Австралијците се решени да не им се повторат ситуациите како во 2007 година, кога се степаа 150 српски и хрватски навивачи, како полициската реакција со солзавец против група грчки навивачи во 2008 година, како и тепачката на босанските и српски фановите во 2009 година. Поради сето ова, донесен е закон според кој „секое антисоцијално, расистичко и според секој друг стандард неприфатливо однесување на трибините и во тенискиот комплекс ќе биде казнето, прекршителите ќе бидат уапсени или, пак, веднаш ќе им биде наплатена парична казна“.

Историјата на АО почнува во далечната 1905 година, од кога, па сè до 1988 година, се играло на трева. Во следните две децении се играше на подлогата „рибаунд ејс“, која важеше за исклучително брза, а од 2008 година почна да се игра таканаречениот „плексикушн“, кој се одликува со тоа што топчето специфично отскокнува.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ