петок, 18 октомври 2024

Австралиецот Томиќ јунак на првиот ден од АО

Објавено на

часот

Сподели

Посилен и од болката во коленото: Рафаел Надал

Надал со 6-4, 6-1, 6-1 го совлада Алекс Кузњецов, но веднаш по мечот откри дека пред почетокот чувствувал огромна болка во коленото, поради што не бил сигурен дека воопшто ќе истрча на терените во Мелбурн. Шпанецот веднаш бил доведен на снимање со магнетна резонанца, која не покажа посериозна повреда на коленото.

„Седев на стол во хотелскиот бар и почувствував дека нешто ми пука во коленото. Станав и почнав да се движам, по што почувствував неверојатна болка. Знам дека снимката не покажа ништо, но мечот го почнав плашливо поради болката што претходно ја имав. По првиот сет почнав да се чувствувам добро, по што заиграв многу подобро“, изјави Надал, кој е второрангиран на АО.

Федерер, пак, само во првиот сет имаше мака со отпорот на Кузњецов, додека потоа сè одеше полесно.

Лесно се пласира во второто коло: Роже Федерер

Сепак, главна приказна на првиот ден од турнирот е победата на Томиќ, кој откако ги загуби првите два сета во пресметката со Вердаско (4-6, 6-7), успеа да ги добие следните три (6-4, 6-2, 7-5) и да се пласира во следната рунда. Мечот траеше четири часа и 11 минути, а на крајот публиката беше речиси во делириум. Австралијците полека го забораваат ветеранот Лејтон Хјуит, кој е пред крај на кариерата, и за свој миленик почнуваат да го имаат младиот Томиќ, кој е со хрватско потекло.

Станува нов миленик на австралиската тениска публика: Бернард Томиќ

За одбележување е и поразот на хрватскиот ветеран Иван Љубичиќ, кој загуби од Словакот Лукаш Лацко (3-2 во сетови), иако успеа да ги добие првите два сета во мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ