петок, 25 октомври 2024

Аврамовски од Сараево се сели во Турција

Македонскиот фудбалер, Даниел Аврамовски кој минатата недела се раздели со Сараево, ќе оди во Турција.
 

Објавено на

часот

Сподели

Негов нов клуб ќе биде второлигашот Болуспор. За него ова ќе биде враќање во Турција бидејќи од 2020 до 2022 настапуваше за Кајзериспор.

Болуспор се наоѓа на десеттата позиција во турската Втора лига со 22 бода, но има шанси за место во разигрувањето за пласман во повисок ранг. Седмопласираниот Генчлербирлиги му бега пет бода, со натпревар повеќе, па реално е да се очекува дека Болуспор ќе се бори до крај за плејофот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ