сабота, 27 јули 2024

АВМУ повика МВР веднаш да го расчисти случајот со новинарот Салиу

Во врска со случајот поврзан со новинарот Фуркан Салиу, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) го повикува Министерството за внатрешни работи (МВР) веднаш, односно во најскоро време да го расчисти случајот и да ја информира јавноста за причините за неговото приведување, пишува во соопштението на АВМУ.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

-Истовремено, очекуваме МВР доследно да ги почитува законските процедури и правата на новинарот Салиу, а политичките партии да не го користат овој случај за дневно партиски цели, за да не се шират шпекулации и дезинформации се до целосно расчистување на случајот, стои во соопштението на АВМУ.

Претходно и ЗНМ и ССНМ апелираа случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на новинарот Салиу, а политичките партии да не го користат во своите дневно-политички препукувања и за партиски цели на изборната кампања.

МВР претходно објави дека денеска околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „БВК Коњаре“ и ФК „Куманово“, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат, соопшти МВР. За време на интервенцијата, како што стои во соопштението, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување.

„Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С. и Н.Ј. од село Арачиново, додека С.Б. од истото село е приведен за учество во тепачка. Дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило дачија дастер, сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.а. со сопатник А.Р. и двајцата од село Кондово, во багажникот е пронајден пиштол. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, е наведено во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ