петок, 18 октомври 2024

АВМУ: Напад на новинарите е директен напад врз демократијата

Објавено на

часот

Сподели

„Сите форми на напади врз новинарите се апсолутно неприфатливи и претставуваат директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество. Медиумите се чувари на јавниот интерес и креатори на јавната свест поради што безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Агенцијата како многупати досега, апелира да се почитува достоинството на медиумските работници и да се овозможат услови за професионална работа на медиумите“, велат од АВМУ.

Во вторникот во емисијата „Во тек“ на телевизија 24, која што е од контактен формат, анонимен гледач изнесе закани за тепање на сите новинари од телевизиите, што Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ го окарактеризира како говор на омраза кон целата новинарска фела, медиумски работници и телевизиите вооопшто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ