сабота, 22 март 2025

АВМУ: Медиумите не треба да објавуваат фотографии и видеа со гробни места и од блиски членови на семејствата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска уште еднаш ги повикува медиумите да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

„При пренесувањето на информациите, вклучително и преку социјалните мрежи, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да им се дозволи достоинствено да се збогуваат со саканите. Медиумите не треба да објавуваат фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и треба да ги почитуваат приватните моменти за дополнително да не ја зголемуваат болката на ужалените, се наведува во соопштението од АВМУ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ