„Врз пожарот над Радовиш дејствува еден српски хеликоптер, над селото Негорци, гевгелиско кон Кожуф дејствуваат три ер – трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, два турски ер – трактори и еден хрватски канадер го гаснат пожарот кај росоманското село Сирково..
Романскиот авион Спартан, кој исфла 5-тонски водени бомби дејствува кај долненското село Слепче. Еден хеликоптер на МВР дејствува на планината Серта, во атарот на неготинското село Калањево“, вели во својата изјава Ангелов.
Тој нагласува дека има 15-тина сериозни пожари и апелира до градоначалниците со механизација да се прават пресеци за да се оневозможи ширење на огнот.
Пожарот кај Криволак и натаму предизвикува експлозии на заостанати експлозивни средства.
Ангелов во видео изјавата наведува детали за состојбата со пожарите, осврнувајќи се одделноза секој пожар и за дејствувањето врз огнот и од воздух.