петок, 26 јули 2024

Авион на Џапан ерлајнс се запали на аеродром во Токио, сите патници се евакуирани (ВИДЕО)

Авион на Џапан ерлајнс денеска се запали на пистата на аеродромот Ханеда во Токио.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Локалните медиуми јавуваат дека надлежните служби при аеродромот се обидуваат да го угаснат пожарот и да ја откријат причината за несреќата.

Снимката на јавниот радиодифузен сервис НХК се споделува на различни платформи на социјалните медиуми.

На снимката споделена на Икс се гледа како пламен излегува од прозорците на авионот погоден од несреќата.

Џапан ерлајнс објави дека сите 367 патници и 12 членови на екипажот биле евакуирани.

„Сите патници на летот се евакуирани. Околу 367 патници се наоѓаа во авионот, како и 12 членови на екипажот – што значи дека се евакуирани вкупно 379 лица“, соопштија од Џапан ерлајнс.

Ханеда е еден од најпрометните аеродроми во Јапонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ