сабота, 27 јули 2024

Авион на американската морнарица ја промаши пистата и слета во вода (ФОТО+ВИДЕО)

Авион на американската морнарица ја прелета пистата и слета во залив на Хаваи. Властите соопштија дека сите девет лица во авионот поминале без никакви повреди. Крајбрежната стража реагирала, но спасувачките операции набрзо биле прекинати, потврди офицерот Рајан Фишер, портпарол на крајбрежната стража.

Објавено на

часот

Сподели

Авионот П-8A ја прелета пистата во базата на маринци во заливот Канеохе, изјави наредникот Орландо Перез, портпарол на Корпусот американски маринци. Тој немаше дополнителни информации.

Фотографијата направена од сведок го покажува авионот во вода веднаш до брегот, сцена која потсетува на „Чудото на Хадсон“ од 2009 година, кога комерцијален патнички авион управуван од Чесли „Сали“ Саленбергер принудно слета на река во Њујорк.

Тогаш преживеаја сите 155 луѓе во авионот. П-8А и Ербас А320 со кој пилотираше Саленбергер се приближно со иста големина, пишува Асошиетед прес.

Дајан Диркс и нејзиното семејство штотуку се вратиле на пристаништето откако дождливото време го прекинало нивното патување со брод кога нејзината ќерка забележала авион на морнарицата во водата.

„Истрчавме до крајот на пристаништето и направив неколку фотографии“, рече таа. Потоа слушнале сирени што допирале од секаде. Диркс вели дека нејзината ќерка имала двоглед за набљудување птици, па затоа можеле да го видат авионот и чамците за спасување како пристигнуваат.

Противпожарната служба во Хонолулу добила пријава за соборениот авион веднаш по 14 часот по локално време, изјави портпаролот Малколм К. Медрано. „Во тоа време беше облачно и врнежливо. Видливоста беше околу 1,5 километар“, рече Томас Вон, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Хонолулу.

П-8A често се користи за лов на подморници и за извидување и собирање разузнавачки информации. Тој е произведен од Боинг и дели многу делови со комерцијалниот авион 737. Авионот припаѓа на групата Скини драгонс на патролната ескадрила 4, стационирана на островот Видбеј во државата Вашингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ