сабота, 27 јули 2024

Авдеевка е град на духови (ВИДЕО)

Откако украинските сили се повлекоа од Авдеевка и откако руската војска и официјално го потврди преземањето на градот, се појавија првите снимки од ова место.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според она што може да се види од снимката направена со дрон, Авдеевка практично е град на духови, бидејќи од градот останале главно урнатини.

Кога станува збор за цивилното население, се наведува дека во градот останале уште околу 900 жители.

„Проклети да се оние кои го направија ова. Авдеевка е уништена. Мојот град во кој се родив и пораснав, сè исчезна. Боже, зошто волку нè казнуваш?“, кажа една жена која останала во градот.

Заземањето на овој град претставува симболична победа за руската војска по неуспешната украинска офанзива минатото лето.

За заземањето на Авдеевка свој коментар даде и рускиот претседател Владимир Путин.

„Околу 6-7 часот наутро непријателот почна хаотично да бега. Нивните трупи веќе беа во движење. Очигледно за да го прикријат своето повлекување. Ова беше буквално бегство, во целосната смисла на тој збор“, кажа Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ