сабота, 27 јули 2024

Аваја: Прв пат нема пратеник Ром во Собранието

Жалиме што за прв пат во историјата на независноста на државата нема ромски пратеник/чка во новиот парламентарен состав. Манипулацијата стапи на дело и тоа на префриган начин се покажа во новиот состав на Собранието, каде што за прв пат од старт во новиот парламентарен состав немаше место за припадник/чка на ромската етничка заедница, соопшти Аваја, новата политичка партија на Ромите.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметаме дека на тој начин, поголемите политички партии, не само што ги изневерија очекувањата на електорат од ромската етничка заедница туку го покажаа и своето вистинско лице, на неинклузивни, затворени политички партии со слаб инклузивен мултиетнички потенцијал.

Ги повикуваме оние граѓани и нивни гласачи кои го споделуваат ова заедничко разочарување да се приклучат во политичката борба за да покажеме дека ние сме тука и дека порано или покасно ќе го земеме тоа што следува како заедница.

Како партија во текот на кампањата, цело време алудиравме дека се случува голема манипулација, масовно поткупување и притисоци на гласачите Роми.

Очекуваме во најкраток можен рок, конзистетност и политичка корекција на оваа историска неправда кон ромскиот народ“, соопшти Аваја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ