четврток, 30 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Aваја има знаење и чесност да донесе подобар живот за Ромите, порачано од собирот во Тетово

„Ромите секогаш имале добра и искусна младина подготвена да се вложи и да работи за заедницата. Аваја има сериозен предизвик пред себе – да направи подобар живот тука“, порача на синоќешната средба со жителите на Тетово Дениз Исмаили, носител на листата на Аваја во Изборната единица 6.

Објавено на

часот

Сподели

„Силно верувам дека може да ја направиме промената. Но за да успееме потребни сме сите заедно да се стремиме кон една цел. Аваја има знаење, лубов и чест кон нашиот народ. Другите партии не пропуштија. Но Аваја е тука за вас. Ние немаме друг избор, освен да застанеме и да бидеме рамо до рамо со нашиот народ. Доста е од купување гласови и доста е од корупција која што ја почнуваат. Ако не НИЕ, кој? Кој друг може да го промени тоа. Затоа ние нема што да изгубиме. Ромален амен АВАЈА“, рече Исмаили пред жителите на Тетово и додаде дека треба сите од фамилии до роднини, од пријатели и другари до истомисленици да ја шираат идејата за да се успее.

Акиф Кариман, претседател на партијата Аваја, рече дека креативноста на политичките партии за манипулација и залажување на нашиот еснаф и нашите активисти и носители е на највисоко ниво и нема ниту крај, ниту граници.

„Замислете таа креативност да ја искористеја за да го подобрат животот на ромската заедница, за да може да живееме барем малку подобро и послободно а не да мислиме од денеска за утре. Таа политика на застрашување знаеме каде не донесе или да се изразам уште подобро, каде нѐ однесе. Нѐ однесе во Европа, во други држави, нѐ носи далеку од нашите мајки и татковци, браќа и сестри. Зошто? Затоа што системот овде не функционира. Системот овде не е праведен за нас и не е ист за нас како што е задругите. Ние сме овде затоа што сакаме мир, да се почитуваме меѓу себе, сакаме да има стабилност во оваа држава и еднаквост. Ние сме овде да го земеме тоа што ни следува. Ништо помалку од тоа. Партиите кои што продолжуваат со таа политика на страв – само губат. Затоа што народот е со Аваја“, рече Кариман.

Тој потенцира дека излезноста на Ромите на првиот круг претседателски избори бил многу низок затоа што им е смачено од досегашниот начин на водење на политиката.

Кариман нагласи дека Ромите немаат друга држава затоа што Македонија е нивна татковина.

„Сакаме државата да напредува, да биде подобро место за живот за сите нас. Не да бидеме третирани како слика без тон и кога нешто ќе ни затреба, тогаш да одиме кај Ромите. Нема да дозволиме тие незаконски тактики на заплашување, на лажење, да се случуваат повторно и повторно. На крајот на краиштата, тие партии да биле добри – не би се занимавале со такви тактики за влечење гласови. Завчера имаше избори и верувам дека никој од Вас не излезе да гласа, што и се покажа на резултатите. На Ромите им е преку глава од една иста реторика“, рече Кариман и им порача на тетовчани на изборите да го заокружат бројот 10.

Тој, на крајот на тетовчани им порача: „Доста беше од лажење и крадење. Како велат – кој лаже, тој краде, спие во подрум и има вошки. Народот сака промени“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ