сабота, 27 јули 2024

Аваја е нова партија која поднесе кандидатски листи за изборите

На македонската политичка сцена е формирана уште една партија на Ромите со име Аваја. Претседател на Аваја е Акиф Кариман, а генерален секретар Елвис Мемети. Партијата синоќа поднесе кандидатски листи за пратеници за изборните единици 3, 4, 5 и 6, а листите се поднесени под името Аваја доста е!

Објавено на

часот

Сподели

„Аваја е формирана како резултат на верување и одлучност да се покаже дека во политиката има простор за добри и чесни личности. Партијата не е формирана како резултат на фрустрација и очај, туку како резултат на верба и одлучност да покажеме дека политиката може да биде место и за добри и чесни луѓе. Тука сме затоа што сакаме да бидеме мост кој ги поврзува граѓаните со структурите на моќ и донесувањето одлуки. Аваја е тука за да ја врати моќта кај граѓаните, да им даде глас и можност сите да учествуваат во донесувањето одлуки кои ги засегаат нивните животи“, изјави Кариман.

Тој додава дека членовите на партијата целат кон предизвикување на „статус-квото“ во земјав, за добро на државата и за подобро утре на Ромите.

„Во нашата визија чесноста не е само збор – тоа е начин на живот. Иднина во која знаењето е валутата на напредокот, а заедништвото е изворот на нашата моќ. Иднина во која нема да бараме, туку ќе уживаме социјална правда. Иднина во која нема да се плашиме, туку активно ќе придонесеме во управување на државата. Иднина во која нема да се избегнуваме, туку ќе ја славиме различноста. Иднина во која нема да се повлекуваме кога ќе наидеме на пречки, туку ќе вложуваме во нашиот развој за да ги надминеме. Иднина во која се поттикнува и поддржува претприемништвото за колективен просперитет. Конечно, иднина во која сме рамо до рамо со земјите членки на ЕУ на кои ќе им демонстрираме дека можеме“, вели Кариман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ