сабота, 27 јули 2024
Куп на Италија

Атрактивни голови на Јилдиз и Веа, Јувентус ја наполни мрежата на Салернитана (ВИДЕО)

Јувентус е последен патник во четвртфиналето во Купот на Италија, вечерва избраниците на Макс Алегри ја наполнија мрежата на Салернитана и триумфираа со убедливи 6-1.

Објавено на

часот

Сподели

„Старата дама“ имаше кошмарен старт на средбата со Салернитана, примија гол во првата минута, Гати погреши при едно додавање, а Иквуемеси погоди за 0-1 и голема радост на гостите.

Но во продолжението се беше во полза на Јувентус, Мирети изедначи на 1-1 во 12. минута, а Камбијасо донесе предност од 2-1 во 35. минута.

По десетина минути игра во вториот дел, Ругани зголеми на 3-1, Брон си постигна автогол за 4-1, а во финишот, младиот Јилдиз нанижа неколку противници, постигна ново „голазо“ и покажа дека е страшен талент.

Во судиското надополнување имаше време за уште еден гол, Веа прекрасно погоди од далечина и ги постави конечните 6-1 и го запечати пласманот во четвртфинале во Купот на Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ