понеделник, 7 октомври 2024

Атлетико поведе во 1. минута па не прикажа ништо, ги казни Сучиќ со „голазо“ од 30 метри (ВИДЕО)

Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите, Хулијан Алварез реализираше уште во 1. минута, Лука Сучиќ погоди маестрално од далечина во финишот од натпреварот.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Диего Симеоне се мачат во последно време, а така беше и на денешното гостување кај Реал Сосиедад.

Атлетико Мадрид поведе уште во 1. минута, Гризман убаво остави со пета, а Алварез прецизно биеше по земја за 0-1.

Сепак, гостите прикажаа премалку во продолжението од натпреварот, Реал Сосиедад доминираше и сосема заслужено стигна до изедначување.

Погодокот за 1-1 беше дело на Лука Сучиќ, Хрватот постигна „голазо“ од 30 метри и маестрално погоди од далечина за голема радост на домаќините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ