Фудбалерите на Атлетико Мадрид носеа сино-бели дресови, тоа била бојата и дизајнот на дресовите кои ги имале играчите пред 120 години кога клубот бил основан.
Резултатот беше отворен во 20. минута кога Насташиќ постигна гол за водство на Мајорка од 1-0.
Гостите го држеа водството се до пред самиот крај на првото полувреме кога Родриго де Пол по асистенција од Гризман изедначи на 1-1.
По само две минути игра во вториот дел Мората даде гол за комплетен пресврт и водство на Атлетико од 2-1, а конечните 3-1 ги постави Караско во 77. минута.