недела, 2 март 2025

Атлетико Мадрид е нов лидер во Шпанија (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со 1-0 го победи Атлетик Билбао и се качи на врвот на табелата во Ла Лига, херој на мечот беше Хуан Алварез кој влезе во игра и го постигна единствениот гол.

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Симеоне го искористи поразот на Реал Мадрид и искочи на табелата над кралскиот клуб. Во моментов се на првото место, а дали ќе останат таму ќе зависи од Барселона која утре игра против Реал Сосиедад.

Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао одиграа изедначен натпревар со шанси и на двете страни, а една од нив искористија домаќините.

Алварез во игра влезе во 59. минута, а седум минути подоцна даде гол за 1-0 кој значеше победа на Атлетико Мадрид.

Гостите од Билбао имаа неколку големи шанси за израмнување, погодуваа пречки и стативи, но не и мрежата на Облак.

Атлетико Мадрид има 56 бодови, Барселона и Реал Мадрид по 54 со тоа што каталонскиот тим има еден меч помалку.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ