сабота, 27 јули 2024

Атлетик Билбао по 40 години го освои Купот на Шпанија! (ВИДЕО)

По подобро изведување на пенали, Атлетик Билбао ја победи Мајорка и го освои Купот на Кралот прекинувајќи го четири деценискиот пост во ова натпреварување.

Објавено на

часот

Сподели

Финалето меѓу Атлетик Билбао и Мајорка се играше во Севиља, а победникот го решаваа пеналите.

Мајорка поведе со гол во 21. минута на Дани Родригез кој убаво пласираше во мрежата на Билбао за радост за својот тим.

По пет минути игра во второто полувреме Сансет постигна убав гол за израмнување на 1-1. Тоа беше и конечниот резултат по 90 минути игра.

Се играа и продолженија, но и во нив немаше победник, резултатот остана ист, па пеналите беа тие кои решаваа.

За Атлетик Билбао погодија сите изведувачи, за Мајорка промашија Моралес кој биеше лошо и Агирезабала одбрани, а Радоњиќ го префрли голот.

За Атлетик Билбао ова е 24. титула во Купот на Шпанија, но прва по 1984 година Во меѓувреме загубија шест финалиња пред да победат овојпат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ