четврток, 31 октомври 2024
Треил трка за вино и љубов 2024 во Неготино

Атлетичар од Велес за 34 минути истрча 8 километри и освои прво место

Роберто Димитриевски, атлетичар од АК Велес од Велес со рекордно време од 34 минути го освои првото место меѓу 170-тина атлетичари и рекреативци од земјава учесници на втората Треил трката за вино и љубов 2024 во должина од 8 километри што денеска  се одржа во селото Долни Дисан кај Неготино.

Објавено на

часот

Сподели

Втор со време 41:45 беше Игор Неделковски од АК Борец од Велес, а трет Славчо Бакулески од Охрид со време 46:30. Кај жените прва е Фросина Михајловска од Куманово со време 49:13, втора е Каролина Милчинска од Скопје со време 49:32,  а трета е Ангела   Величкова од Кочани со време 52:01. Беа доделени и награди во категорија над 50 и над 55 години во женска и машка категорија, како и во категорија на семејства учесници на трката.

Како што информира Сунчица Арсовска од Деконус, главниот иницијатор и организатор на трката, во Треил трката за љубов и вино препознале можност за пошироко запознавање на јавноста со вредностите што ги нуди дисанскиот крај.

„Трката е и можност за приближување на учесниците кон природата и запознавање со убавините на овој крај полн со лозови насади и бројни семејни винарии, кои беа вклучени како спонзори во трката, како и производители на мед и фурни и пицерии. Воедно со оваа трка, која е прва во земјава во календарот за оваа 2024  година, беше одбележан и празникот на лозарите и винарите Свети Трифун кој е заштитник на овој регион“, појасни Арсовска.

Таа заклучи дека има се поголем интерес за оваа трка на која лани имало само 70-тина, а годинава повеќе од двојно или дури 170-тина учесници. Воедно Арсовска истакна дека нивна цел како организатори и вљубеници во трчањето во природа е да поттикнат во трката да учествуваат и цели семејства, а посебно семејства со деца. Со тоа, како што кажа, ќе придонесат кај нив од најмали нозе да ја развиваат љубовта кон трчањето, спортот и природат, а семејствата да се дружат во природа.

Годинава имаше и учесници со домашни миленичиња кучиња, кои исто така задно ја истрчаа напорната трка низ природа долга 8 километри, а во организацијата се вклучи и планинарското друштво Фри Хајкерс.

По трката и прогласувањето на победниците во центарот на Долни Дисан се одржа и забава со музика во која се вклучија организаторите, учесниците, бројните гости заедно со жителите на селото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ