недела, 28 април 2024

Атланта се врати од -30 и го победи Бостон (ВИДЕО)

Бостон е најдобриот тим во лигата кој веќе го обезбеди првото место во источната конкуренција, но ноќеска доживеа пораз со неверојатен пресврт, Атланта губеше со 30 поени разлика и на крајот победи со 120-118.

Објавено на

часот

Сподели

Бостон во еден момент имаше предност од 68-38, но како што одминуваше мечот Атланта полека се враќаше и на крајот успеа да направи комплетен пресврт и да дојде до сензационална победа од 120-118. Тоа беше најголемиот пресврт кој го направил овој клуб во историјата.

Атланта одигра тимски, па немаше некој кој посебно се истакна со поени, Хантер постигна 24 поени, Богдановиќ 22, Марј имаше 19 и 15 асистенции. Најдобар на теренот беше Тејтум со 37 поени.

Јокиќ се врати по повредата и го предводеше Денвер до победа од 128-103 над Мемфис. Српскиот кошаркар постигна 29 поени, имаше и 11 скокови и осум асистенции.

Далас со 115-105 славеше на гостувањето кај Јута, а Лука Дончиќ реализираше трипл-дабл. Словенецот имаше 29 поени, 13 асистенции и 12 скокови. Поефикасен од него на мечот беше играчот на Јута, Марканен кој постигна 34 поени.

Резултати:
Кливленд – Шарлот 115-92
Атланта – Бостон 120-118
Њујорк – Детроит 124-99
Торонто – Бруклин 88-96
Чикаго – Вашингтон 105-107
Хјустон – Портланд 110-92
Сан Антонио – Феникс 104-102
Денвер – Мемфис 128-103
Јута – Далас 105-115
Сакраменто – Филаделфија 108-96
ЛА Клиперс – Индијана 116-133

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ