сабота, 27 јули 2024

Атентаторот на Фицо: Пукав бидејќи не се сложувам со политиката на владата (ВИДЕО)

На социјалните мрежи е објавена снимка од човекот што пукал во словачкиот премиер Роберт Фицо. Писателот Јурај Цинтула, кој пукал во Фицо, кажал дека тоа го направил бидејќи не се сложувал со политиката на владата.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Словачките медиуми денес јавија дека атентатор е 71-годишниот домашен писател Јурај Цинтула. Цинтула е основач на Книжевниот клуб Дух и член на Друштвото на словачки писатели.

Словачкиот портал Актуалити ја пренесе изјавата на неговиот син кој тврди дека татко му имал дозвола за пиштолот. „Апсолутно немам поим што мојот татко намеравал, планирал, што се случило“, изјави тој.

Фицо бил застрелан по седница на владата во Хандлова, околу 150 километри североисточно од Братислава. Обидот за убиство се случил кога Фицо се приближил кон група свои поддржувачи.

Според официјалните информации, словачкиот премиер е застрелан со неколку куршуми во градите и стомакот. Итно со хеликоптер бил префрлен во болница, а состојбата му е тешка. Словачката влада објави дека Фицо е во животна опасност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ