Клубот одлучи Тони Атанасов да биде нов тренер, а да му помага Панче Стојанов. Дарко Коцев ќе биде кондиционен тренер, а Ѓорѓи Шопов тренер на голманите.
„Подготвките ги започнуваме утре сабота и до стартот на вториот дел од првенството ќе работиме на подигнување на физичката кондиција но и на техничко тактички план. Според планот ќе се работи секојдневно а планирани се и неколку контролни средби со кои ќе се подигне нивото на екипата за првенствените и куп мечевите напролет. Паралелно како клуб работиме и на ангажирање фудбалери кои заедно со потенцијалот што го поседуваме ќе го носат товарот во преостаниот дел од првенството“, изјави Атанасов.