Македонија го доживеа првиот пораз на Светското првенство откако загуби од Холандија со 37-32. Холанѓаните шутнаа дури 12 пенали, нашите добија два црвени картони, а имавме и многу исклучувања.
„Доста тежок меч, тешки одлуки, немам коментар, едноставно, тешко многу. Не сметам дека имаше нешто надвор од спортската игра, но имаше одлуки во кои не сакам да навлегувам. Малку послабо игравме со играч повеќе, но ако гледаме генерално, бевме добри, имавме шанси да израмниме, но некои одлуки не беа во наша корист. Сега доаѓа Гвинеја, ќе разговараме со тимот и ќе анализираме да се спремиме добро“, изјави Павле Атанасијевиќ.
Македонија следниот меч го игра против Гвинеја во недела од 18 часот, со победа одиме во следната фаза на Светското првенство.