сабота, 27 јули 2024

Аталанта победи и ја разочара Рома, Италија ќе има пет претставници во ЛШ

Аталанта со убедливи 3-0 го совлада Торино и се искачи на четвртото место на табелата во Серија А, тоа значи дека Рома нема како шестта да оди во Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Доколку Аталанта останеше на петтото место, тогаш Италија ќе имаше шест претставници во Лигата на шампионите, но тимот од Бергамо денеска славеше против Торино и дефинитивно отиде погоре од петтата позиција.

Скамака, Лукоман и Пашалиќ беа стрелци на головите за Аталанта.

Победата на Аталанта значи дека Рома што и да направи против Емполи вечерва, нема да може да избори место во ЛШ.

Во исто време се играше дуелот меѓу Наполи и Лече кој заврши без голови 0-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ