сабота, 27 јули 2024

Аталанта нема да игра во Европа, Фиорентина обезбеди место во Конференциската лига

Објавено на

часот

Сподели

Со голови на Данкан во судиското продолжение од првото и Гонзалез во судиското продолжение од второто полувреме го победи Јувентус со 2-0 и го освои седмото место во Серија А.
 
Виолетовите ќе играат во Конференциската лига следната сезона, а место во Европа нема да има за Аталанта која заврши на осмата позиција по денешниот пораз од 1-0 на свој терен од Емполи.
 
Лацио освои бод против Верона играјќи 3-3. Тој бод беше доволен за да се заврши сезоната на петтото место на табелата со еден бод пред Рома.
 
И Лацио и Рома обезбедија место во Лига Европа.
 
Утре во Серија А главна ќе биде борбата за Скудетото, на Милан му треба бод од гостувањето кај Сасуоло, Интер игра дома против Сампдорија, се надева на своја победа и на пораз на градскиот ривал. Двата меча се од 18 часот.
 
Во вечерниот термин е битката за опстанок која ја водат Салернитана и Каљари. Салернитана го пречекува Удинезе, а Каљари гостува кај Венеција.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ