понеделник, 10 март 2025

Аталанта му нанесе тежок пораз на Јувентус во Торино (ВИДЕО)

Јувентус доживеа вистински дебакл среде Торин, загуби со убедливи 4-0 од Аталанта и тоа на свој терен, со овој загубен меч тимот на Мота ги загуби и шансите за Скудетото.

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус одигра исклучително лош натпревар, дури може да е и среќен што не доживеа и покатастрофален пораз.

Резултатот го отвори Ретеги со гол од пенал во 29. минута од натпреварот. Тоа беше и единствениот погодок во првиот дел.

По само неколку секунди игра во второто полувреме Де Рон зголеми на 2-0 за Аталанта.

Во 66. минута Запакоста даде гол за 3-0, а десет минути подоцна Лукман ги постави конечните 4-0 за Аталанта.

Ако Лацио утре го победи Јувентус, старата дама може да падне и на петтата позиција на табелата во Серија А.

Аталанта во следното коло игра против лидерот Интер од кој има само три бода помалку.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ