сабота, 27 јули 2024

Аталанта ја освои Лига Европа, Леверкузен првпат загуби оваа сезона (ВИДЕО)

Аталанта со убедливи 3-0 го победи Баер Леверкузен и го освои трофејот од Лига Европа, херој на тимот од Бергамо беше Лукман кој ги постигна сите погодоци, за Чаби Алонсо ова беше прв пораз оваа сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Ништо од тројна круна без пораз за Чаби Алонсо и Баер Леверкузен, Аталанта испиша историја, првпат освои европски трофеј.

Момците на Џанпјеро Гасперини одиграа совршен меч, го надиграа Леверкузен и заслужено се радуваат на овој огромен триумф, најголем за нив.

Резултатот беше рано отворен, во 12. минута Лукман по асистенција од Запакоста постигна гол за 1-0.

Во 26. минута истиот играч погоди од далечина, преубав гол за водство од 2-0. Тоа беше резултатот по првото полувреме.

Конечните 3-0 и негов хет-трик Лукман ги постави во 75. минута од натпреварот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ