сабота, 27 јули 2024

Аталанта го посрамоти Наполи на негов терен

Аталанта со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Наполи во дерби дуел за позициите кои водат во Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Наполитанците доживеаа шок на стадионот „Диего Марадона“ против директен ривал за четвртата позиција.

Аталанта поведе во 26. минута со гол на Миранчук, а пред самиот крај на првото полувреме Скамака зголеми на 2-0.

Се очекуваше реакција на Наполи во вториот дел, но актуелниот шампион на Италија не успеа да постигне гол.

Пропуштеното го казни Копмајнерс кој во 88. минута ги постави конечните 3-0 за Аталанта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ