недела, 19 мај 2024

Астразенека ја повлекува вакцината против ковид низ светот

Астразенека го почна повлекувањето на својата вакцина против ковид-19 низ светот поради „вишокот достапни ажурирани вакцини“ кои се насочени против новите варијанти на вирусот. Објавата следи откако фармацевтската компанија во март доброволно го повлече своето одобрување за ставање на лекот во промет во Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вчера Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека вакцината повеќе не е одобрена за употреба. Во соопштението за јавност Астразенека кажа дека одлуката е донесена бидејќи сега постојат низа нови достапни вакцини прилагодени на новите варијанти на коронавирусот. Вакцината на Астразенека повеќе не се произведува ниту се испорачува.

Астразенека во 2021 го смени називот на својата вакцина против ковид во Ваксзеврија. Вакцината беше одобрена за употреба кај лица на возраст од 18 години и постари, а се дава како две инјекции, во период од отприлика три месеци. Некои земји ја користеа и како бустер.

Ваксзеврија се состои од друг вирус од семејството аденовируси модифициран да содржи ген за создавање протеини од САРС-ков-2, вирусот кој го предизвикува ковид-19. Вакцината не го содржи самиот вирус и не може да предизвика зараза.

Иако вакцината генерално беше оценета како безбедна, носеше ризик од ретка, но сериозна нуспојава позната како тромбоза со ТТС. Реткиот синдром се јавил кај околу три лица од 100.000 кои биле вакцинирани со вакцината на Астразенека.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ