Астон Вила одлично го почна натпреварот, со гол на Бејли уште во третата минута поведе со 1-0.
Но, предноста на гостите не траеше долго, во 12. минута Де Кујпер го изедначи резултатот на 1-1.
Ремито долго време беше актуелно, ситуацијата се промени во 82. минута кога Мекеле си постигна автогол за ново водство на Астон Вила, овојпат од 2-1.
Во 88. минута точка на мечот стави Асенсио од пенал. Погоди за 3-1, што беше и конечен резултат.